Контакт

Сковин АД Скопје

077 862 025
Контакт лице : Марија Кузмановска

skovinad@gmail.com

15 Корпус 2
1000 Скопје, Република Македонија

www.skovinad.mk

Објави

 

ЈАВЕН ПОВИК

за свикување на Собрание на акционери на Друштво за земјоделско-сточарско
производство,преработка и промет на големо и мало

 СКОВИН АД Скопје

 

Седницата на Собранието на акционерите на Друштвото ќе се одржи на ден
27.11.2019 година (Среда) со почеток во 11:00 часот во просториите на друштвото на
ул.15-ти Корпус бр.3, Скопје.

 

Д Н Е В Е Н  Р Е Д

 

I. ПРОЦЕДУРАЛЕН ДЕЛ

Избор на претседавач со Собранието;

Записничар (во согласност со член 383 став 3 од ЗТД записникот го води нотар);

Избор на бројач на гласови;

II. РАБОТЕН ДЕЛ

1. Донесување Одлука за одобрување на голема зделка - продажба на подвижен и недвижен имот , пренос на трговски марки и засновање на заложно право (хипотека) врз недвижности кои се предмет на продажба, со Предлог Одлука.

2. Донесување на Одлука за измена на Статутот на друштвото, со Предлог Одлука.

Известување за голема зделка

Се повикуваат акционерите на СКОВИН АД Скопје да го пријават своето учество на собранието на акционери.

Секој акционер кој има намера да учествува на собранието на Друштвото е должен да го пријави своето учество на Собранието (пријава за учество на собрание) најдоцна пред почетокот на седницата на закажаното собрание.

       Пријавите да се достават во седиштето на Друштвото на ул. 15-ти Корпус бр.3 Скопје, или по електронски пат на info@skovin.mk .

На собранието ќе се одлучува само за прашањата кои се уредно ставени на дневниот ред, во согласност со Статутот на Друштвото и Законот за трговски друштва.

Гласањето по точките од дневниот ред ќе се врши на начин во согласност со Статутот и Законот за трговски друштва.

Секој акционер може да овласти свој полномошник со писмено полномошно, за што е должен да го извести Друштвото по писмен или електронски пат.

За полномошник на собранието можe да бидат овластени лица кај кои има конфликт на интереси, само под услов ако тие претходно им обелодениле на акционерите дека кај нив има конфликт на интерес и добиле конкретни инструкции за гласање во писмена форма од акционерите од кои се овластени да бидат нивни полномошници, за секоја предложена одлука за гласање по точките на дневниот ред на седницата на собранието за која им важи полномошното.

Податоци за начинот на испраќање на известувањата за полномошната и обрасците за гласање преку полномошник се достапни на официјалната веб-страница на Друштвото www.skovin.mk

Согласно Законот за изменување и дополнување на Законот за превземање на акционерски друштва, полномошникот задолжително треба да ја извести Комисијата за хартии од вредност за намерата и причините за давање на полномошното/ата од повеќе акционери, во рок од пет работни дена пред одржување на собранието на акционери.

Во согласност со Законот за трговските друштва, акционерите кои поединечно или заедно поседуваат најмалку 5% од вкупниот број акции со право на глас имаат право да достават предлог за дополнување на дневниот ред и одлуки по точките од дневниот ред.

Акционерите можат да достават предлози за вклучување нови точки во дневниот ред, предлози на одлуки најдоцна 8 (осум) дена од објавата на овој Повик во дневен весник, а подетални информации за постапката на доставување предлози и прашања може да се најдат на официјалната веб-страница на Друштвото www.skovin.mk

Секој акционер има право да поставува прашања за секоја од точките на дневниот ред на седницата на собранието на Друштвото. Одговор на поставените прашања се дава на самата седница или преку веб-страницата на Друштвото.

Материјалите за собранието на Друштвото и дополнителни информации во согласност со Законот за трговски друштва, им се достапни на акционерите од денот на објавувањето на овој повик, секој работен ден во седиштето на Друштвото на ул. 15-ти Корпус бр.3 Скопје, и на веб-страницата на Друштвото www.skovin.mk

 

 СКОВИН АД СКОПЈЕ

Одбор на директори

02-629/3

Собранието одлучува само за прашањата категорично определени со Законот за трговските друштва и со Статутот на СКОВИН АД Скопје, а особено за:

 

1.Измена на Статутот;

2.Одобрување на годишната сметка, финансиските извештаи и годишниот извештај за работата на Друштвото во претходната деловна година и одлучува за распределбата на добивката;

3.Избор и отповикување на членовите на одборот на директори;

4.Одобрување на работата и водењето на работењето со Друштвото на членовите на одборот на директори;

5.Назначување овластен ревизор за ревизија на годишната сметка и на финансиските извештаи;

6.Преобразба на Друштвото во друга форма на друштво, како и на статусни промени на Друштвото;

7.Престанување на Друштвото.

 

Собранието не може да одлучува за прашања поврзани со областа на управувањето, односно со областа на водењето на работењето на Друштвото коишто се надлежност на органите на управување, освен ако тоа не е поинаку определено со Законот за трговските друштва.

 

 -СОБРАНИЕ НА АКИОНЕРИ 2020

(ZIP FILE)